Владата прогласи kpизна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

Владата на денешната втора седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прославата на Ковачевски за една година Влада…
Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција…
Кој сака да остави фотелја: Алтернатива нема…
Партијата Алтернатива засега не планира да ја…
Стотици животи на болните од рак зависат…
Акцелераторот за зрачење на болните од рак…
Владата скрати два милиони денари за рано…
Два милиони денари помалку ќе даде Владата…
Утре протест пред Влада за да се…
Утре, на 13 јануари, во 16 часот…