Владата ја следи состојбата на Блискиот Исток – Дурмиши: Постои ризик цените да се зголемат, на време ќе реагираме
Постои ризик цените во земјава да се зголемат, но Владата секојдневно ја следи состојбата на Блискиот исток и ќе реагираме ако има последици- изјави министерот за економија Бесар Дурмиши. Тврди дека меѓународните анализи покажуваат дека цените се сеуште стабилни.
„Постои ваков ризик да може да се зголемуваат цените. Секојдневно ја мониторираме ситуацијата. Ние како министерство за економија и труд значи работиме во насока да имаме стабилен пазар, да ги заштитиме правата на работниците, да го помагаме стопанството, а во делот на Владата значи ако се случува да предизвикува вакви ризици, ќе бидеме таму, транспарентно ќе донесеме одлуки“, порача Бесар Дурмиши.
Владата очекува конфликтот на Блискиот исток да заврши брзо и се надева дека не не чека уште една криза и инфлаторен шок. Министерката за финансии, Кочоска вчера изјави дека доколку другите министерства побараат Владата ќе одлучува дали ќе се прогласи кризна состојба.
„На дневна основа се следи. Ќе видиме какви ќе бидат состојбите понатаму. Знаете вие и во самите закони има предвидено во кои услови и кога може да има одредени промени. Така што ќе видиме како ќе се одвива состојбата, соодветно на тоа ќе реагираме“, вели Гордана Димитриеска Кочоска.
Од Министерството за енергетика тврдат дека во случај да дојде до недостаток во снабдувањето, домашните нафтени резерви се стабилни и ќе се користат со владина одлука за прогласување енергетска криза.
Во случај на прогласување на кризна состојба на владата и стојат на располагање повеќе механизми. Агенцијата за нафтени резерви има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. А можат да се носат и мерки како за заштита на граѓаните од високите цени, така и за погодените бизниси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ја следи состојбата на Блискиот Исток…
Постои ризик цените во земјава да се…
За шест часа казнети 59 возачи во…
Денеска (04.03.2026), во периодот од 07:00 до…
ССМ повика на масовен работнички протест на…
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најавува масовен…
„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите…
„Катар Енерџи“ соопшти дека „прогласил виша сила…
ВЛЕН: Уплавот ги принуди ДУИ да го…
ВЛЕН истакнаа дека ДУИ го брани Артан…