ССМ повика на масовен работнички протест на 14-ти месецов
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најавува масовен протест на работниците на 14-ти март за повисоки плати.
Од ССМ велат дека не се откажуваат од барањето за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.
„Минималните примања се повеќе во јавниот сектор отколку во приватниот сектор така што и на протестот на 28 јануари имаше многу голема излезност на работниците во јавниот сектор и така ќе биде и сега“, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ во изјава за телевизија 24.
Откако во понеделникот на Економско-социјалниот совет беше информирано дека минималната плата ќе се зголеми само за 1.600 денари според мартовското усогласување, претставниците на ССМ ја напуштија седницата и најавија дека продолжуваат со нивните барања на улица.
И претходно годинава ССМ организираше протест, но и блокади во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор – се…
ВЛЕН се обрати до јавноста со посочување…
42-годишна жена им се заканувала на сопругот…
Кривична пријава е поднесена против 42-годишна жена…
(Видео) Израелскиот министер од градилиште: „Овде ќе…
Канцеларијата на министерот за национална безбедност Итамар…
Зеленски: Во руски напад загинаа 10 лица,…
Десет лица беа убиени во руски ракетен…
Нема директна врска меѓу бројот заболени со…
Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од…