Влада: Мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати останува до 15 јуни
Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.
Дополнително, по разговорите со компанијата „ОКТА“, која е најголем домашен снабдувач со нафтени деривати, обезбеден е и дополнителен попуст од два денари по литар, кој ќе почне да се применува од утре.
Според владините пресметки, со комбинираниот ефект од продолжувањето на мерката и новиот попуст, цената на дизел-горивото се очекува да се намали за 6,5 денари по литар, додека бензините би требало да поевтинат за 1,5 денари по литар.
Од Владата оценуваат дека станува збор за директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и компаниите, со цел намалување на трошоците и зачувување на ценовната стабилност.
Во соопштението се наведува дека институциите ќе продолжат да преземаат мерки насочени кон заштита на животниот стандард и јакнење на економската сигурност во услови на глобални економски предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Мерката за намалување на акцизите на…
Владата на денешната седница донесе одлука да…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
СДСМ: Истече рокот што самиот Мицкоски си…
СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што,…
Владата бара фирма за јавно-приватно партнерство за…
Осум години откако беше срушен Скопскиот саем…
Петровска: Како ќе ги зацврстиме своите државни…
„Како ќе ги зацврстиме своите државни позиции,…