СДСМ: Истече рокот што самиот Мицкоски си го постави за Реформската агенда, ветувањата на власта останаа неисполнети

t

СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што, според нив, самиот премиер Христијан Мицкоски го поставил за реализација на десетте точки од Реформската агенда, оценувајќи дека станува збор за уште едно неисполнето ветување на актуелната власт.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите настапила со ветувања за враќање на уставното име, укинување на Преспанскиот договор, подобрување на условите во евроинтегративниот процес, привлекување повеќе странски инвестиции и повисок животен стандард за граѓаните.

Според СДСМ, ниту едно од овие ветувања не е исполнето. Тие тврдат дека власта признала оти нема да го врати старото име на државата, додека Преспанскиот договор и натаму останува во сила.

Во соопштението се посочува и дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потврдила дека македонскиот јазик, културата и идентитетот се заштитени, додека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оценил дека членството во НАТО придонесува за подобрување на инвестициската клима.

Од СДСМ тврдат дека странските инвестиции бележат пад од 60 проценти, економската состојба е влошена, минималната плата не е зголемена, а инфлацијата останува висока.

„Не го вратија името, не го укинаа Преспанскиот договор, создадоа конфликти со соседите и не исполнија ниту едно од ветувањата. Доста е со лагите“, порачаа од партијата.

СДСМ повика на распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле за иднината на државата, барајќи забрзување на реформите, внесување на малцинствата во Уставот и продолжување на европскиот интеграциски процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…