Владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите: Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година
Северна Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција.
Во кусото образложение на РБГ пишиува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“.
„Иако новинарите не работат во непријателска средина, Широко распространетата дезинформација и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, констатираат од РБГ.
Во регионот Србија бележи раст на индексот за две места (96/98), Црна Гора раст за три места (40/37), Босна и Херцеговина бележи пад од 5 места (81/86), Косово пад од 24 места (75/99), Албанија бележи раст од 19 места (99/80), Бугарија има пад од 11 места (59/70) и Грција со раст од едно место (88/89).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изменето работното време на шалтерот за издавање…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Студентите во Србија имаат подготвен изборен список…
Студентите во Србија подготвија изборен список од…
„Путин е закана за членките на НАТО“:…
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во НАТО,…
Опасниот отпад ја ниша хрватската влада
И покрај бројните пораки на хрватскиот премиер…
Вучиќ нема да присуствува на погребот на…
Поради службени должности, српскиот претседател Александар Вучиќ…