Власта бесрамно се фали со донациите на граѓаните за семејствата на жртвите и повредените во Кочани

t

Левица ја оценува како крајно дрска и сулуда вчерашната изјава на директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, каде тој истакна дека се поделени по 150.000 денари помош на сите семејства. Тој дволично истакна дека Кочани е во фокус на владата од самиот почеток и дека ќе остане така.

Но фактите говорат поинаку. Додека граѓаните преку Црвениот крст и платформата Support Kochani донираа над 3.200.000 евра, Владата потроши само 487.000 евра – за трошоци за транспорт и лекување во странство на потешко повредените. Тоа претставува срамен однос од приближно седум спрема еден за донациите на граѓаните наспроти помошта од Владата. И тоа е спротивно на првичните изјави на власта дека државата ќе донира по 150.000 денари првична помош за секое семејство!

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не мрда со прст ниту за кочанската болница која е неопремена, со несоодветни услови и недоволно кадар. Потребната терапија, креми, компресивни ракавици и помагала за рехабилитација сè уште се обезбедуваат исклучиво од донации на обичните луѓе.

Парадоксално, директорот Томовски во истата изјава говореше и за нужноста да се набави нов прескап владин авион! Потсетуваме дека оваа Влада која има обезбедено само 30 милиони денари за погодените од трагедијата во Кочани – за неполна една година од владеењето потроши 40 милиони денари за владиното мени со аспарагус, лигни, папаја и алкохоли. Потсетуваме и дека владини функционери на државна сметка отидоа на скапа и непродуктивна екскурзија во Јапонија заедно со своите сопруги, а исто така за владини екскурзии се изнајмуваа и приватни авиони од државната каса!

Трагично и крајно револтирачки е што за трагедија која одзеде 62 млади животи, за трагедија која никако не настанала поради вина и небрежност на тие деца, туку поради длабока корумпираност на властите – сепак актуелната владејачка гарнитура не гледа за сходно навистина да помогне и да почувствува одговорност. Наместо извлекување поука, гледаме продолжување на истата незаинтересираност, рамнодушност, ароганција и прикривање кое ја предизвика трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАСА сними огромно отцепување на ледникот Петерман…

Сателитите на американската вселенска агенција НАСА снимија…

Данска од 2027 сака да користи „центри…

Данска планира да почне со сместување на…

Трамп испраќа луѓе во Москва и Киев

Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив…

Шпанија регистрира 45,7 Целзиусови степени на најтоплиот…

Метеоролозите во Шпанија го потврдија највисокиот дневен…

Шефот на руското разузнавање по средбата со…

Ризикот од конфликт од големи размери низ…