ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно влегува во собраниска процедура

t

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети ветувања, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон и веќе е ставена во собраниска процедура, реагираат од ВЛЕН.

Од таму оценуваат дека станува збор за историски момент за Албанците, но и за концептот на институционална еднаквост во државата. Посочуваат дека законот добил позитивна оценка од Комисијата од Венеција, е целосно усогласен со Уставот и ги поминал сите домашни и меѓународни политички и правни филтри.

„Ова јасно покажува дека станува збор за сериозно, одржливо и правно заштитено решение“, велат од ВЛЕН.

Додаваат дека со години многумина зборувале за правата на Албанците, но, како што велат, никој немал храброст или политичка волја процесот да го доведе до крај.

„Денес, кога процесот конечно се конкретизира, одредени групи се обидуваат да создадат магла преку задоцнети реакции и емотивни изјави за медиумите. Но граѓаните ја препознаваат разликата меѓу тие што само зборуваат и тие што носат конкретни одлуки“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН сметаат дека секој обид за релативизирање на процесот претставува политичка бучава и барање медиумско внимание, потенцирајќи дека процедурата е започната, правната поддршка постои, а политичката волја е цврста.

„Денес не е време за пропаганда, туку за резултати. А најголемиот резултат е што една 23-годишна неправда конечно завршува“, порачуваат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…

По затворањето на друштвото за брзи кредити,…

Партијата Вреди ги охрабрува државните институции да…

ДУИ: ОД РЕНТ-А-КАР ДО ЛУКСУЗНИ АПАРТМАНИ: ОД…

Соопштение на политичката партија ДУИ Денеска објавуваме…

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…

Денес политичката иронија го достигна врвот, велат…

ДУИ бара истрага за непријавениот имот на…

Од денеска, ДУИ го отвора прашањето за…