Објавено на:

ВЛЕН: Ставот на ДУИ е чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност

t

Интегрален текст од прес конференцијата на пратениците од ВЛЕН

Ставот на ДУИ е чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност. Техничката влада не беше некаков демократски стандард што треба денес да се брани, туку итно решение наметнато од длабока политичка криза, криза што произлезе од компромитираната коалициска власт и тешките скандали во кои ДУИ беше дел, во партнерство со режимот на Никола Груевски.

Да потсетиме зошто беше создадена техничката влада: за да гарантира слободни и фер избори во момент кога државата беше заробена од масовно прислушување, злоупотреба на власта и длабока криза на доверба. Значи, тоа беше привремен механизам за враќање на минимумот на демократијата, а не модел што треба да се одржува бесконечно.

Денес, ДУИ се обидува да ја претстави како „достигнување што треба да се брани”, прикривајќи го фактот дека самата беше дел од проблемот што ја направи таквата мерка неопходна. Дури, во 2023 година, истата таа ДУИ даде согласност за укинување на техничката влада. Оттука се поставува директното прашање: дали ДУИ се консултираше со меѓународните фактори кога побара укинување на техничката влада во 2023 година?

Контекстот од 2015 година повеќе не постои. Не сме веќе во таа реалност на политички кризи, безбедносни тензии и институционален колапс. Напротив, денес со владеењето на ВЛЕН имаме поинаква реалност: изборни процеси признаени на меѓународно ниво, посилна институционална контрола и повисоки демократски стандарди. Како членка на НАТО, државата влезе во нова фаза на стабилност и државна одговорност. Дури и локалните избори од минатата година беа оценети како едни од најдемократските во историјата на земјата.

Ова ја прави техничката влада не само непотребна, туку и надмината. Да се инсистира денес на кризен механизам е обид да се кочи демократскиот развој и да се избегне одговорност во еден нормален политички систем.

На земјата ѝ се потребни функционални институции, целосен политички легитимитет и избори што се организираат од влада со полн мандат, а не привремени модели што припаѓаат на една веќе завршена кризна епоха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Ставот на ДУИ е чиста хипокризија…

Интегрален текст од прес конференцијата на пратениците…

„Фетаи зема плата, но не оди на…

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва во…

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, со…

„Под Неговото око“: Во државните школи во…

Во уште еден развој кој наликува на…

Пратеници да немаат двојно државјанство – СДСМ…

Собранието ги поддржа измените на законот за…