Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, со емотивна порака се огласи по повикот од СДСМ за распишување референдум за евентуално отворање рудник за антимон во регионот.
„Кога ќе заврши сè, кога ќе се изгаснат камерите и ќе замолчат нападите, јас пак ќе бидам тука. Затоа што јас немам друг дом. Освен Крива Паланка. Мојата фамилија живее тука. Моите деца растат тука. И имам само една должност – да ја заштитам Крива Паланка. Затоа што ова не е туѓ град. Ова е мој дом. И никој не го сака повеќе од мене!“, порача Митовски.
Претходно, СДСМ преку соопштение побара од Митовски да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон.
Од партијата наведоа дека ваквите проекти носат сериозни здравствени ризици и потсетија на негативни искуства од рударски активности, оценувајќи дека одлуката не смее да се носи без директно изјаснување на граѓаните.
„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум. Градоначалникот не може да одлучува сам“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека копањето антимон претставува ризик за здравјето и животната средина.
Дебатата за рудникот ја отвори нова политичка пресметка, при што од СДСМ упатија и низа обвинувања кон Владата, додека Митовски возврати со порака дека ќе остане на страната на својот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…