ВЛЕН: Тирана ги поддржа напорите за албанскиот јазик, тврдењата на ДУИ се неосновани

t

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека албанскиот јазик треба да се унапредува со конкретна работа, а не да се користи како тема за политички кампањи и создавање страв кај граѓаните. Од коалицијата наведуваат дека напорите на албанските партии во Владата неодамна ги оценил и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Според ВЛЕН, Рама им се заблагодарил на албанските владини партии за нивните заложби за унапредување на албанскиот јазик, вклучително и во постапките за лиценцирање и во разговорите за неговата употреба во правосудството, односно при полагањето на правосудниот испит

Од коалицијата тврдат дека албанскиот премиер го оценил и, како што наведуваат, умерениот и одговорен пристап на партиите кон јазичното прашање.

„Албанскиот јазик не е тема за политички кампањи, ниту средство за создавање страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко богатство на сите Албанци, кое се штити и унапредува со конкретна работа“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Коалицијата ја обвинува ДУИ дека преку политички судири и предупредувања се обидува да создаде впечаток за алармантна состојба во однос на правата на Албанците. Според ВЛЕН, постои напредок, а предизвикот е тој да продолжи.

Од ВЛЕН се повикуваат и на соработката на Владата со Косово и Албанија, оценувајќи дека поддршката од премиерите Албин Курти и Еди Рама ги демантира тврдењата на ДУИ дека на Албанците им се одземаат права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Тирана ги поддржа напорите за албанскиот…

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека албанскиот јазик треба…

Дипломатски скандал во Тирана? Исчезнал вреден сувенир…

Тензиите зад затворени врати по вечерата на…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…