ВЛЕН ќе се обедини во една партија на 9 мај: „Стануваме единствена сила, со едно име, насока и мисија – oд Липково до Струга“
ВЛЕН соопшти дека на 9 мај, по повод Денот на Европа, ќе го одржи Конгресот на обединувањето, на кој коалицијата ќе се трансформира во политичка партија.
Според најавата, петте политички партии ќе се обединат во една со заедничко име, насока и мисија.
Од ВЛЕН велат дека новото политичко обединување ќе биде засновано на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски интеграции, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот. На Конгресот се очекува учество на 850 делегати, кои треба формално да го потврдат обединувањето. „Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространет од Липково до Струга.“, порачаа од коалицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН ќе се обедини во една партија…
ВЛЕН соопшти дека на 9 мај, по…
Скандал со храна во ЕУ: Во српски…
Во пратка со замрзнати малини испратена од…
Вотка, плукање и тепачка во авион –…
Авион на „Изиџет“ кој летал од Лондон…
Русија предупредува за можна најголема енергетска криза…
Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација…
Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе…
Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи…