ВЛЕН ќе се обедини во една партија на 9 мај: „Стануваме единствена сила, со едно име, насока и мисија – oд Липково до Струга“
ВЛЕН соопшти дека на 9 мај, по повод Денот на Европа, ќе го одржи Конгресот на обединувањето, на кој коалицијата ќе се трансформира во политичка партија.
Според најавата, петте политички партии ќе се обединат во една со заедничко име, насока и мисија.
Од ВЛЕН велат дека новото политичко обединување ќе биде засновано на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европски интеграции, партнерство со НАТО и заштита на семејството, традицијата, културата и идентитетот. На Конгресот се очекува учество на 850 делегати, кои треба формално да го потврдат обединувањето. „Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространет од Липково до Струга.“, порачаа од коалицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
Се запалил бојлер во барака на „Стив…
Бојлер се запалил синоќа во една од…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…