ВЛЕН: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава
Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава – се вели во честитката од ВЛЕН по повод Денот на независноста.
„Овој ден им припаѓа на сите граѓани на земјата, без разлика на нивната етничка припадност, јазик, вера или политички убедувања. Тоа е ден кој нè потсетува дека државата се гради со заеднички придонес и дека нашата иднина е посилна кога се почитуваме едни со други и обезбедуваме еднаквост за сите.
Албанците се нераскинлив дел од историјата, државноста и развојот на оваа земја. Нивниот придонес во изградбата на институциите и зајакнувањето на нашето општество е нераскинлив дел од идентитетот на Република Северна Македонија.
Во 35 години независност, земјата помина низ бројни предизвици и направи значајни чекори напред. Денес, наша одговорност е да изградиме функционална, демократска и економски развиена држава, во која еднаквоста, правдата и владеењето на правото се секојдневни вредности, а не само принципи на хартија.
За ВЛЕН, европскиот пат на Северна Македонија нема алтернатива. Интеграцијата во Европската Унија значи повисоки стандарди, повеќе можности за граѓаните, посилни институции и посигурна иднина за младите генерации.
Да ја одбележиме оваа 35-годишнина со гордост за она што сме го постигнале, но и со одговорност за она што треба да го изградиме.
Среќна 35-годишнина од независноста на Република Северна Македонија“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: 35 години независност, заедно градиме европска…
Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на…
Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме…
Нашата државност не започна во 1991 година,…
Приведен таксист во Скопје: Побарал повеќе пари…
На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје,…
Бенет: Нетанјаху бил предупреден дека Синвар подготвува…
Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет тврди дека…
Албански државјанин уапсен во Милано со 70…
Полицијата во Милано уапси маж (41) со…