ВМРО-ДПМНЕ ги зајакнува редовите со Орце Ѓорѓиевски како нов претседател на Градскиот Комитет
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше избран за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорѓиевски изрази благодарност за укажаната доверба силно обединување на сите комитети кои рамо до рамо, мотивирани и единствени во намерата ќе го вратат сјајот не само на Скопје, туку и на Македонија.
„Со огромно задоволство, но со исто толкава доза на одговорност ја прифаќам обврската да застанам на чело на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дадена од претседателот Христијан Мицкоски и Извршниот комитет.
Поминавме долг пат до сега, пат кој не беше воопшто лесен и беше испреплетен со многу предизвици, кочници и притисоци, кој не беше послан со ружи, туку со трња и камења. Но, успеавме!
Со силна мотивација и борба за она што веруваме успеавме половина од тој пат да го поминеме.
Ама ние сме ВМРО и нас ни треба целосен успех, успех за она што значи Македонија силна, модерна и просперитетна, Македонија без криминал и корупција и без поделби по сите основи помеѓу народот, држава во која сите ќе се чувствуваат подеднакво, каде нема да има заштитени и погазени, каде ќе се почитува своето минато, историјата и аманетот од предците, Македонија која нема да се раскрчмува на делови и секој да го граба она што не му припаѓа.
А таква Македонија може да биде само ако патот го трасира ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа, честа е моја да покрај силната посветеност за моите сограѓани од Кисела Вода, додадам камче во мозаикот и овде, заедно со целиот тим во кој силно верувам.
Како претседател на Градскиот комитет ќе се заложам за силно обединување на сите комитети но и зголемување. Рамо до рамо, мотивирани и единствени во намерата ќе го вратиме сјајот не само на Скопје, туку и на Македонија.
Најавувам работа, работа и само работа.
Упатувам огромна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски и до Извршниот комитет за укажаната чест и доверба.“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Каранфилова Пановска: Основани се сомнежите дека бегството…
Факт денеска е дека Артан Груби не…