ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека од брусење шахти стигнавме до тоа европските челници да го користат македонскиот идентитет

t

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, во која таа посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги употребува термините македонски јазик, култура и идентитет, претставува големо признание за работата на актуелната Влада, реагираат денеска преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија истакнуваат дека оваа реакција од СДСМ доаѓа од партија која, според нив, за време на своето владеење беше позната по тоа што ги брусеше капаците од шахтите и каде поранешниот премиер Зоран Заев ги коригираше и казнуваше сите што не ја употребуваа придавката „Северна“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, изјавите од опозицијата се потврда за променетата состојба во која европските челници сега отворено ги прифаќаат македонскиот јазик и култура, со што директно се зајакнува македонскиот идентитет.

Реакцијата од владејачката партија доаѓа откако денеска портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека со тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера рекла дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ, се потврдило она што СДСМ и претседателот Филипче го говореле изминатиот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…