ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

t

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата. Инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти.

Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност. Tокму поради тоа економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани, стои во соопштението на владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…