ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС“

t

Венко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев. Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит, посочуваат од владејачката партија.

Велат дека тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко.

-Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција. Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…

Оние кои и ги направија најголемите предавства,…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите…

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од,…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…