ВМРО-ДПМНЕ: Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ
„Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ. Власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот. Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски. СДСМ се неспособни и ја оставија земјата на удар на енергетската криза во сред зима. Владата да не ја префрла топката и да го реши проблемот со парното. Ако е неспособна, што всушност и е нека распише веднаш предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи за државата“, додаваа тите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советник од Левица: Дали Мицкоски забранил исплаќање…
- Откако платите на функционерите беа зголемени…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…