ВМРО-ДПМНЕ пocтави ycлов за средбата со Ковачевски: СДСМ во ситуација „земи или остави“

t

Денешната прес конференција е краток коментар за она што вчера го слушнавме од се’уште актуелниот вицепремиер за евро интеграции Никола Димитров. Вчерашните изјави дадени од вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи, покажува дека и Димитров и Османи се само лице и опачина на една иста паричка која што во Владата во буквална смисла е интерес за нејзино опстанување односно личната кариера и интересот се пред интересите на државата и граѓаните на Македонија, истакна на денешната прес конференција пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој истакна дека тоа што го спомена Димитров, дека можен е уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да биде сериозни и внимателни.


– Нашето мислење е дека и Димитров и Османи се истите ликови кои што од 2018 година до денес најавуваат датуми за членство во ЕУ секое полугодие, заедно се сликаа и во владиниот авион и сметаме дека е време заедно ја проверат својата доверба или недоверба на граѓаните кон нив и да си дадат оставка како чин на одговорност за нивните неуспешни политики. Другата работа за која што сакам да ја информирам јавноста е поврзана со прашањето или најавите за можна средба помеѓу претседателот на СДСМ Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Таква покана се уште не стигнала до ВМРО-ДПМНЕ, но доколку стигне ќе биде прифатена под услов на средбата Ковачевски – Мицкоски да се разговара за предвремени избори како единствено логично решение за излез од сегашната длабока криза во која што се наоѓа државата, да се разговара за содржината на одговорите кои што Македонија ги има дадено до официјална Софија на нивно барање по формулата 5+1 за кои што ниту јавноста, ниту Собранието за жал не се запознаени и тоа е дел од невладината нетранспарентност, како и да се разговара за зголемени ангажмани за борба против криминалот и корупцијата бидејќи Македонија и во регионот и во Европа е на најниското 111-то место на индексот за борба против корупција, појасни Милошоски.

Пратеникот додаде дека само под тие услови и доколку стигне покана, би биле сосема расположени истата да биде прифатена и да се остварат средба и разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се јавив на Мицкоски, договоривме средба…

Нормално е, смета премиерот, двете најголеми партии…

Ковачевски се сретна со грчкиот амбасадор Кундурос:…

Премиерот Ковачевски се сретна со грчкиот амбасадор…

(Видео) Пендаровски се сретна со претставници на…

"Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на…

Ѓорѓиевски се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со…

Дали е на повидок решавање на украинската…

Руските и украинските преговарачи се согласија дека…