ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки на аеродромите, растот на патници продолжува
Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија. Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%. Овие резултати значат повеќе туристи, повеќе гости, повеќе работа за туристичкиот и услужниот сектор и дополнителен придонес кон економскиот развој, велат од владејачката партија.
Додаваат дека бројките се најдобар показател дека политиките даваат резултат.
-Владата продолжува посветено да работи на развој, инвестиции и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки на аеродромите, растот на…
Резултатите од првите седум месеци од 2026…
Сирија и Израел одржале разговори со посредство…
Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале…
Транспортерите излегуваат на протест пред Делегацијата на…
Превозниците од Македонија на 31 август ќе…
Ново решение за странските возачи – МВР…
Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов…
УХМР СО МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕНЕС: Македонија под…
Управата за хидрометеоролошки работи објави метеоаларм за…