ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со јавноста преку српска ПР машинерија, зад кампањите стојат советници на Заев

t

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ користи странска ПР инфраструктура за креирање на политичка комуникација и манипулација на јавноста, посочувајќи дека зад активностите стојат лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев.

Од партијата тврдат дека Зоран Башановиќ, поранешен советник на Заев, има клучна улога во ПР тимот на СДСМ и Венко Филипче, како и дека токму Заев стои зад ангажирањето на, како што велат, „надворешна ПР структура“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче неодамна остварил средба во Ниш со Милан Счекич, кој, како што наведуваат, работи во српската ПР агенција „Ај медија“ (Eye Media) и е задолжен за креирање на комуникациите и соопштенијата на СДСМ.

„ПР активностите се координираат од Скопје, каде Башановиќ и Счекич, според нашите информации, се сместени во хотелот ‘Парк’ и од таму го водат центарот за лаги на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека ваквата вклученост на странски ПР структури отвора сериозни прашања за транспарентноста и автентичноста на пораките што ги пласира СДСМ во јавноста.

„Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека остануваат посветени на транспарентност и комуникација заснована на интересот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со јавноста преку српска…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ користи странска ПР…

СДСМ по апсењето на Анакиев: Кој од…

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето…

ВМРО-ДПМНЕ го поздрави апсењето на директорот на…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го поздрави синоќешното апсење на…

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда…

Соопштение за јавност Последниот извештај на „Фридом…

Филипче до Мицкоски: Кој ќе одговара ако…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на…