СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија
Соопштение за јавност
Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија останува „делумно слободна земја“.
Ако се спореди со времето на СДСМ, во 2021 година Македонија беше прва во регионот, единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.
Со ВМРО и Мицкоски на власт, состојбата со човековите и со медиумските слободи се влошува. Единствено полоши се состојбите во Србија, каде што на власт е сестринската партија на ВМРО-СНС. Но, ВМРО се труди да ги стигне.
Дополнително, Македонија забележи пад од 6 места и на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на „Репортери без граници“. За разлика од минатата година, кога беше на 36. место, оваа година е на 42. позиција.
Овие извештаи се уште една потврда на сето она што СДСМ го говори во изминатиот период.
Медумски хајки против СДСМ и претседателот Филипче, измислени афери, црни кампањи, контрола врз 40% од медиумите преку Орбан, Декрет за забрана на говорот во Собранието.
Резултатот е пад на човековите и на медиумските слободи.
Македонија се враќа во времето на Никола Груевски на нарушени слободи, медиумскиот мрак, хајки против опозицијата и јавни линчови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…