ВМРО-ДПМНЕ се залага да не се врши историски ревизионизам и да се почитуваат делата на Гоце Делчев и на големите македонски умови од преродбата

„ВМРО-ДПМНЕ уште во основачките документи се повикува на оставштината на македонското револуционерно движење од 19-тиот и 20-тиот век, особено на ВМРО како организација, што стои и името. Додека во името на СДСМ уште тогаш стоеше СКМ – Сојуз на комунистите во Македонија. И тоа се факти од кои што не треба да се бега. А, што се однесува до модерно ВМРО-ДПМНЕ ние и лани одржавме протест и тоа не само еден, на кој што силно се залагавме да не се врши историски ревизионизам и да се почитуваат делата на Гоце Делчев и на големите македонски умови од преродбата. Зошто? Затоа што СДСМ уште тогаш велеше ние ќе се согласиме дека Бугарите биле администратори во Македонија, дека Петрич и Струмица зборуваат еден ист јазик, дека тука малку дошле Бугарите како да администрираат околу Куманово и Крива Паланка како велеше нивниот врховен водач за да потоа тие да заминат и да бидат ослободители. Така што таквиот историски ревизионизам нема да дозволиме“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на телевизија 24.
Андоновски додаде дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е еднаков 32 години. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ не се менува. А, ставот на СДСМ лавира на 2-3 месеци.
„Еден од пвите споменици кој што беше поставен е токму на Гоце Делчев пред Камениот мост од страна на Плоштад Македонија. Значи еден од првите споменици кој што таа Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги поставила е на Гоце Делчев, а од другата страна е и на Даме Груев“, рече Андоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…