ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши
Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции.
Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, државата доби нови блокади, нови условувања и нови барања.
Токму затоа, никој повеќе нема право да бара од македонскиот народ нови жртви врз основа на празни ветувања и дипломатски флоскули. Довербата што ја потрошија Заев, Филипче и СДС нема да се обнови со нови притисоци врз граѓаните.
Ако Филипче навистина сака напредок на европскиот пат, тогаш нека престане да врши притисок врз Македонија и нека побара од официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Наместо да ја убедува Македонија повторно да попушта, нека ја убеди Бугарија да ги почитува европските вредности и европското право.
Пораката до Филипче и тие како него е јасна и недвосмислена, нема уставни измени без јасни гаранции од Европската Унија. Нема нови отстапки без конкретна испорака од бугарска страна. Нема повеќе политика на наведната глава и бескрајни отстапки кои не носат никакви резултати.
Македонија останува посветена на европската иднина, но како достоинствена држава која ги штити своите национални интереси, а не како држава од која постојано се бара да отстапува без да добие ништо за возврат.
Времето на еднострани концесии заврши. Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции без гаранции, без почитување и без реални резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на…
Филипче да сфати дека времето на калкулации…
СДСМ: Македонија изгуби над 200 милиони евра…
Организираната криминална група ВМРО денеска повторно се…
Филипче: Албанија и Црна Гора одат напред…
Соопштение за јавност Регионот оди напред, Црна…
Манасиевски: Филипче на својот бугарски претседател да…
Македонија без гаранции од ЕУ нема да…
Филипче: Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара…
Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и…