СДСМ: Македонија изгуби над 200 милиони евра поради „реформите“ на Мицкоски
Организираната криминална група ВМРО денеска повторно се обидува да ги излаже граѓаните. Тврдат дека Европската комисија „ги демантирала“ лагите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче затоа што на Македонија ѝ доделила 65,7 милиони евра – најмногу во регионот, велат од СДСМ.
„Еве ја вистината: Прво. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. А вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период. Тоа се над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски. Ова не е успех туку дебакл. Второ. Овие пари НЕ СЕ заради целосно исполнување на Реформската агенда туку се само мал дел од планот за раст и се доделени за конкретни сектори: Северна Македонија: 65,7 милиони € – за образование и дигитализација; Албанија: 49 милиони € (за бизнис околина и иновации); Црна Гора: 44,2 милиони € (за бизнис околина и иновации); Не се споредуваат со исполнување на целата Реформска агенда. Тоа е целосна манипулација“, стои во соопштението на партијата.
Од СДСМ велат дека Македонија стои во место.
„Која е реалноста? Црна Гора е на чекор до потпишување на пристапниот договор. Албанија е многу блиску до целосно исполнување. Македонија стои во место. Зошто? Затоа што Мицкоски и криминална група ВМРО НЕ САКААТ ЕУ, за да крадат пари преку тендери, не сакаат еврпско обвинителство и судство затоа што знаат дека ќе одговараат. Затоа не сакаат да ги внесат малцинствата во Уставот – единствениот клучен услов за продолжување на преговорите со ЕУ. Рокот што Мицкоски го постави 1 јуни – истече. Реформската агенда не е исполнета. Уште една лага. Уште едно неисполнето ветување. Граѓаните не се слепи. Граѓанире не сакаат да ја плаќаат цената за криминалната група на Мицкоски. Распишете референдум веднаш! Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал. Реформи сега. Европа сега“, реагираат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…