Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

t

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба.

На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, со рацете ја удирал жената по главата и телото се додека не паднала во бессознание.
Со ударите и нанел повеќе тешки телесни повреди, крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со кои и е доведен во опасност животот на жртвата.

По настанот, осомничениот се дал во бегство, но за кратко време бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоци или да изврши друго дело.

Воедно искази на дел од сведоците укажуваат на неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, од кои произлегува сомневање дека тој би можел да боледува од некаква душевна болест. Бидејќи со стручно мислење се предлага понатамошна опсервација на осомничениот, со цел да се изврши негова медицинска проценка и психијатриско вештачење, јавниот обвинител предложи судот со посебно решение, по определување на мерката притвор, да го испрати осомничениот на опсервација и вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир  Хисар за период од најмалку 1 месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внук осомничен за обид за убиство на…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…

Обвинение за мажот и жената кои помогнаа…

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против…

Единаесетгодишно момче во Пенсилванија обвинето за убиство…

Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за…

ОЈО поведе постапка против 20 лица кои…

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…

Ја бодел мајка си со ножици и…

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…