Единаесетгодишно момче во Пенсилванија обвинето за убиство на таткото оти му го одзел „Нинтендото“
Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за убиство на својот татко, откако наводно пукало во него затоа што му била одземена гејминг-конзолата Nintendo Switch, пренесуваат светските медиуми.
Инцидентот се случил на 13 јануари во семејната куќа во Данканон Боро. Полицијата била повикана рано наутро и го пронашла 42-годишниот татко починат во спалната соба. По истрагата, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син.
Според полициските наводи, момчето признало дека било луто откако му било кажано да оди на спиење. Навело дека клучот од сефот со оружје го нашло додека го барало одземениот Nintendo Switch и од таму земало пиштол. По приведувањето, му е одбиена кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…