Водата за пиење во Скопје е безбедна – испитани 410 примероци

t

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во периодот од 31 август до 4 септември 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал вкупно 410 примероци вода од 44 мерни места на територијата на градот. Од нив, 205 примероци биле испитани за физичко-хемиски параметри, а исто толку биле подложени на микробиолошка анализа.

Според резултатите од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје посочуваат дека извештајот е објавен со цел граѓаните навремено да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата што ја користат за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Сиљановска-Давкова: Градењето држава е долг процес, потребни…

По повод 8 Септември, Денот на независноста…

По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…

По повод одбележувањето на 8 Септември –…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…