Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е чиста – не е причина за труењето на децата
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа.
Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18).
Од јавното претпријатие информираат дека со ова се потврдува дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање…
Тројца туристи починаа од труење во Истанбул
Хотел сместен во историскиот центар на Истанбул беше…
Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…
Три лица со дрвени и железни палки,…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…