„Водовод“ со апел: Да не се троши водата за полевање бавчи, полнење базени и миење коли
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.
„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“ се вели во соопштението.
Оттаму апелираат до скопјани, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…
Загубите на вода на национално ниво во…
Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…
Три лица со дрвени и железни палки,…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…