Возачот возел во алкохолизирана состојба и не почитувал сообраќајна сигнализација: Детали за тешката несреќа во која загина млад човек

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото место на сообраќајна несреќа, која се случи утринава после полноќ, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје.
Несреќата се случила кога осомничениот, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А6“ со охридски регистарски ознаки, не се придржувал на условите на патот, не ги почитувал сообраќајните прописи и во видно алкохолизирана состојба, преминал во лентата од коловозот наменета за движење на возила од спротивен правец. Во тој момент со возилото удрил во возило „Фолксваген поло“, управувано од 30-годишно лице од Охрид. Од ударот настанале тешки повреди кај возачот на автомобилот „Фолксваген поло“ поради кои настапила смртна последица.
Веднаш по увидот, јавниот обвинител издаде насоки и наредби за прибирање на траги од местото на настанот, за утврдување на количество на алкохол во крвта на осомничениот, за сообраќајно – техничко вештачење, како и за обдукција на телото на починатиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…