Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш на родителите на загинатите во дискотеката во Кочани

t

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш на родителите на загинатите во дискотеката во Кочани
Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска им даде поддршка на родителите на младите кои загинаа во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, приклучувајќи се на нивниот протестен марш во Скопје.

Со транспаренти во рацете и солзи во очите, родителите маршираа низ градските улици барајќи правда за своите деца и одговорност од институциите.
Русковска со своето присуство испрати порака на солидарност и поддршка кон семејствата кои веќе месеци бараат одговори за трагедијата што ја потресе јавноста.

Родителите побараа итно расветлување на сите околности поврзани со пожарот, како и преземање одговорност за пропустите што, според нив, довеле до трагичната несреќа. Тие најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се обезбеди правда за нивните деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко на 71 и мајка на 61…

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…