Возач од скопско возел под дејство на алкохол, полицијата му го одзела возилото

t

На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот Тетово-Велес, кај клучка Кадино, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Ѓ.(44) од с.Кадино, скопско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач од скопско возел под дејство на…

На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…

Приведени 11 возачи, возеле без дозвола или…

На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот…

Пијани охриѓани без возачка предизвикале сообраќајка –…

Кривична пријава и одземени возила на возачи…

Во јануари 101 санкција за непрописно вградени…

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот…

Тошковски: 2025 година историски најуспешна за МВР…

Министерот за внатрешни работи во синоќешното гостување…