Пијани охриѓани без возачка предизвикале сообраќајка – МВР им ги одзема возилата!

t

Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид кои предизвикале сообраќајна несреќа, а при тоа имале изречени забрани за возење, едниот бил и под дејство на алкохол

На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…