Вознемирувачки видеа од Србија: Полицајци пукаа носови, кршеа ребра, тепаа и жени на Филозофскиот факултет
Социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од насилството што било применето врз студентите, вчера во Филозофскиот факултет во Нови Сад објави „Нова“.
Студентите најавија блокада на установата сѐ додека професорката Јелена Клеут, која добила отказ, не се врати на работа, а деканот на Факултетот, Миливој Алановиќ, ги повика полицијата и припадниците на Интервентната единица кои употребија сила.
Многумина студенти завршиле со повреди во таа „пресметка“, а дури и некои професори добиле ќотек „случајно“, во минување.
— Професорката падна на вратата од факултетот, тоа зборува за Универзитетот во Нови Сад. Таа беше насилно исфрлена од Филозофскиот факултет, жената падна, јас бев покрај неа. Нѐ туркаа, не удираа со штитови, полицаец ѝ ја турна главата и ѝ го повреди окото на една девојка. Тоа е она што беше околу мене, што можев да го видам, прашање е што се случувало наоколу. Беа исклучително груби во намерата да нѐ избркаат од факултетот — раскажа студент кој бил сведок на ситуацијата.
Неколкумина студенти се повредени, а најлошо поминал студент на кого полицаец му го скршил носот, додека студент и новинар од „Блокаде инфо“ се здобил со нагмечување на ребрата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…