“Волшебен” кичевчанец обучувал идни возачи иако бил надвор од државата

t

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(39) од с.Грешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

На 05.02.2021, 03.04.2021 и 28.05.2021, Ф.М., во својство на предавач на теоретски дел на настава за оспособување на кандидати за возачи во автошкола од Кичево, со својот потпис овозможил правење службена исправа со невистинита содржина, односно во дневникот за евидентирање на наставата внел невистинита содржина дека во периодот од 16.00 до 19.05 часот одржал теоретска настава, иако во тие денови бил надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Смрт на фашизмот, слобода на народот”:…

На 17 септември 1943 година во селото…

Акција на МВР во Кичево: Пронајдена дрога,…

Полициски службеници синоќа ги привеле Ф.М.(28) и…

Кичевчанец заработи притвор откако терал друг маж…

На 04.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево…