Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал дете
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 72-годишниот А.А. од Кичево поради сторено кривично дело силување на дете. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево.
По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници.
Од страна на судија на претходна постапка, на А.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…
Напад со нож пред угостителски објект во…
На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР…