Вонредна вест: Пресврт во случајот со модуларната болница во Тетово – Обвинителството лоцираше виновници

t

За смртта на 14-те лица во пожарот во модуларната болница во Тетово има виновни.

Од Јавното обвинителство потврдија дека е лоцирана кривична одговорност, но дека се уште е во фаза на подготовка обвинителен акт.


Алсат денес објави дека Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице, но од Јавното обвинителство не ги коментираат ваквите објави.

Од таму велат дека следниот период ќе биде поднесено обвинение, но без детали и дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши постапката.

– ПРЕДМЕТОТ Е ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА. ЛОЦИРАНА Е ОДРЕДЕНА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. РЕФЕРИРАНО Е ВО ДРЖАВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО И ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА, А КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ЈАВНОСТА ЗА ЛИЦАТА ЗА КОИ Е УТВРДЕНА ОДГОВОРНОСТ. НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ – СООПШТИЈА ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.

За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата, а во истрагата покрај 5-темина обвинители, беа вклучени и германски истражители.

Од извршените вештачења беше објавено дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.

Пожарот, во кој изгореа 14 лица, 12 пациенти и две лица придружба, се случи вечерта на 8 септември 2021 година.

На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е во пламен, за три минути.

Извор: Breaking News Macedonia

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Тетово: Се удави 6 годишно…

Попладнево дошло до трагедија во Тетово, откако…

Голем пожар во тетовско: 20 пожарникари се…

Во пожарот со мало задушување се соочиле…

Вонредна вест: Пресврт во случајот со модуларната…

За смртта на 14-те лица во пожарот…

Касами расчистува со “кадрите на Теута”: Разрешена…

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата…

Фудбалерите на Шкупи нападнати во Тетово

Во Тетово денеска требаше да се игра…