Австрија започна со задолжителна вакцинација

t

Во Австрија денеска стапи на сила нов закон, според кој вакцинацијата против ковид 19 е задолжителна за сите лица постари од 18 години. Неколку земји воведоа задолжителна вакцинација за постарите лица или медицинскиот персонал, но ова е првата нација во Европа што усвои сеопфатна мерка.

Австриската влада вели дека вакцинацијата е ефикасна во борбата против тешките форми на болеста и дека е потребен закон за да се спречи идно заклучување. Каролин Едштадлер, министерка за Европската унија и устав, вели дека владата е „многу свесна дека ова е навистина голем чекор и навистина тешка мерка“.

„Како политичари, имаме одговорност да се погрижиме здравствениот систем да продолжи да функционира, општеството како целина да може да живее нормално“, изјави Едштадлер.

Сепак, таа вели дека задолжителната вакцинација е „мешање во човековите права, иако во овој случај мешањето може да биде оправдано“, додаде таа.

Задолжителната вакцинација истекува во јануари 2024 година и може да биде завршена порано доколку дозволи пандемијата. Законот стапи на сила на 1 февруари, но надлежните ќе почнат да проверуваат дали граѓаните се вакцинирани дури кон средината на март.

Оние кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Исклучоци важат за оние кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини или бремени жени. Околу 72% од Австријците се целосно вакцинирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски полковник: Киев ја има последната шанса…

Американски полковник: Киев ја има последната шанса…

Цената на гасот во Европа достигна 2350…

Цената на гасот во Европа се зголеми…

Гас “има снемано”: Поради ремонт Гаспром исклучува…

Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе ја прекине…

Мора да се штеди: Австриска покраина размислува…

Австриската покраина Долна Австрија размислува поради енергетската…

“Гаспром” ја намалува испораката на гас преку…

„Гаспром“ ја намалува испораката на гас за…