Објавено на:

Во автомобил собрале 24 мигранти: Приведени криумчари од Битола

t

На 25.06.2022 околу 10:20 часот на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија, после клучка Марвинци во правец на с.Удово, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(50) и А.Д.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.

Имено, при извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер“, со прилепски регистарски ознаки,  управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти (12 од Пакистан, пет од Сирија, пет од Индија и две од Авганистан).

Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Небрегово се шири кон две…

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…

Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…

Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…

Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…

Потребна е помош за третман со матични…

Почитувани читатели на Инфомакс, потребна е помош…

Најново видео од пожарот во Битола: Се…

Надлежните велат дека е под контрола, но…