Во Албанија денеска почнува попис на населението и домаќинствата
Во Албанија денеска почнува една од најзначајните статистички операции, пописот на населението и домаќинствата, на кој за првпат дадените одговори попишувачите ќе ги внесуваат во електронски уреди – таблети.
Институтот за статистика, ИНСТАТ соопшти дека навреме се преземени сите потребни подготовки и се очекува истиот да заврши во предвидениот рок од шест седмици.
– Оваа целосно техничка активност ќе даде преглед на моменталната состојба на населението во Албанија, вклучувајќи ги социјалните, економските аспекти, демографските движења и многу други податоци, кои јасно ќе ни покажат како и каде живеат граѓаните на Албанија во 2023 година. Примете ги попишувачите и слободно по своја волја и убедување дадете реални одговори, порачаа од ИНСТАТ.
Додаваат дека пописот е најважната статистичка операција во државата, а врз основа на добиените податоци институциите ќе можат правилно да ги планираат интервенциите и услугите потребни за жителите.
– Кога попишувачите ќе тропнат на вашата врата, отворете ја и одговорете на поставените прашања. Имате право да видите дали точно е запишано она што сте го одговориле, порачуваат од Институтот.
И премиерот Еди Рама деновиве ги повика граѓаните, гарантирајќи дека пописот се спроведува според европските стандарди.
Пописниот формулар содржи 100 прашања а само за три, етничка и верска припадност и јазик, одговорот не е задолжителен.
Во оваа активност се вклучени над 7000 попишувачите и инструктори а пописот земјата ќе ја чини 6,4 милиони евра.
Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава.
Последниот попис во земјата беше во 2011 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…