Објавено на:

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство во албанската полиција

t

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како и другите малцинства во Албанија, да бидат соодветно застапени во редовите на Државната полиција, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на семинарот организиран од Единицата за соработка против дискриминација при Советот на Европа, одржан во Драч, Албанија.

Тоа, оцени тој,  не само што го зајакнува претставувањето, туку и ја зголемува довербата на граѓаните во државните институции и придонесува кон побезбедно и поинклузивно општество.

-Во Општина Пустец, која претежно е населена со македонска заедница, раководителот на полициската станица треба да биде од редовите на македонската заедница, за да се обезбеди правична застапеност и изградба на взаемна доверба, нагласи Стерјовски.

Во излагањето потсети дека во почетоците на демократските процеси во Албанија, по падот на комунистичкиот режим во раните 90-ти години, малцинствата често беа гледани како закана за државата.

-Во тој период, во рамки на формирањето на националната полиција и армија, сите припадници на македонското малцинство, како и на другите малцинства, беа исклучени од редовите на безбедносните сили. Денес времињата се променети и затоа од големо значење е вклучување на припадниците на малцинствата во редовите на безбедносните сили, рече Стерјовски.

На регионалниот семинар за претставници на институциите за спроведување на законот и граѓанското општество од Западен Балкан и Источните земји, на тема „Зајакнување на одговорот на полицијата кон омразата врз етничка и верска основа“, тој учествуваше на покана од Одделението за анти-дискриминација при Советот на Европа.

На семинарот стана збор за  улогата на институциите за спроведување на законот во соработка со ранливите групи и малцинските заедници, во рамките на заедничките програми за борба против дискриминацијата на Европската Унија и Советот на Европа за земјите од Западен Балкан и Источните земји.

Исто така се дискутираше за начините за справување со омразата и дискриминацијата врз етничките и религиозните малцинства, фокусирајќи се на стратегии за спречување на злосторства од омраза; градење доверба меѓу полицијата и заедницата; собирање податоци за инциденти поврзани со омраза, како и добрите практики од различни земји од Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…

Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…