Во Белград уапсен Дарко Шариќ
Дарко Шариќ, еден од најбараните лица од Балканот, кому 12 години му се суди за трговија со дрога, денеска е уапсен за сосема нови кривични дела, а не за оние за кои веќе е обвинет.
Тој е приведен во просториите на Службата за борба против организиран криминал, а потоа треба да биде префрлен во Специјалниот суд.
ТВ Н1.рс објави дека во денешната полициска акција се приведени Дарко Шариќ и неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ, кој е и адвокат на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ. Медиумите јавуваат дека е приведен и Урош Мишиќ и дека станува збор за сосема нови кривични дела, а не за оние за кои Шариќ веќе е обвинет.
Тој сега е осомничен за организирање криминална група одговорна за неколку убиства во Србија и Црна Гора, а наводно поседувал два сателитски телефони и апликација Скај.
Дарко Шариќ беше уапсен во 2014 година во заедничка акција на државните органи на Србија и Црна Гора и пренесен во Белград откако беше осомничен за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Западна Европа во текот на 2008 и 2009 година.
За тоа дело Шариќ како организатор на групата е осуден на 15 години затвор.
Апелацискиот суд во Белград на крајот на минатата година му го укина притворот и му одреди куќен притвор со електронски надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата…
Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската…
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…
Без струја делови на Кисела Вода
Без електрична енергија денеска од 9 до…
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…
Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…
Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…