СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

t

Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради корупцијата на ДПМНЕ. Десет дена власта молчи за оваа одлука. Причина: злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен.

Ова е истакнато во соопштението на СДСМ денеска, во кое се повикува дека случајот мора целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до Мицкоски.

И Мицкоски треба да одговара за ваков скандал, велат од СДСМ.

Во соопштението од оваа партија прашуваат: Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски? Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ?

Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД, велат од СДСМ.

СДСМ се на став дека корупцијата на ДПМНЕ зададе силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе реализираат инвестиции, сега ќе останат и без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ДПМНЕ.

Во реакцијата се тврди дека скандалот со ИПАРД 3 програмата, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ДПМНЕ.

„Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. Корупцијата на ДПМНЕ метастазираше во секоја пора од општеството. На ДПМНЕ им се важни нивните тендери: 161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери“, се наведува во соопштението и се повикува на брза, темелна и транспаретна истрага. „Сите инволвирани во овој огромен корупциски стандард мора да одговараат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…