Во Берово утрово -13, на Попова Шапка 30 см снег

t

Во Берово утрово е измерена најниска температура во државата од – 13 степени Целзиусови. Следи Попова Шапка и Маврови Анови со -12, -10 Крива Паланка, -9 Битола, Скопје-Петровец, -8 Претор, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Виница, -6 Охрид, Тетово, -2 Гевгелија, 0 Дојран.

Како што информира УХМР, во 7 часот највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови, 9 Пожаране, Крушево и 4 во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со зголемената облачност ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајка во Маврово, тешко е повреден мотоциклист

МВР информира дека вчера во 13.40 часот…

По повеќе од една деценија падна снег…

Во Јужна Африка падна снег првпат од…

Во Берово вчера наврнале 57 литри/м2 дожд

УХМР вчера соопшти дека во невремето во…

Се преименуваат четири улици во Берово: Ќе…

Во Берово преименувани четири улици кои во…

Маж пријавил дека наставничка физички нападнала ученик…

Педесетгодишен маж од Берово пријавил дека неговиот…