Објавено на:

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО

t

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата сопруга беа нападнати и ограбени рано утринава на познатата бриселска авенија Луиз.

Тие се движеле по улицата кога биле нападнати од две лица кои ги следеле, пишува белгискиот весник „Хет Нивсблад“.

Според извештаите, еден од осомничените имал огнено оружје со кое ги удрил по главата и амбасадорот и неговата сопруга, која поради тоа обилно искрварила. По нападот и двајцата се пренесени во болница.

Во таа прилика биле украдени два часовници „ролекс“ со вкупна вредност од околу 90.000 евра.

Обвинителството во Брисел потврди дека е отворена истрага за инцидентот, но одби да даде дополнителни информации.

Официјално не е потврден ниту идентитетот на жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…