ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

t

ДУИ е незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот кој на 28 ноември го извади албанското знаме од јарболот за истакнување на државното знаме во Куманово. Полицаецот на Денот на албанското знаме (28.11.2024), во Куманово качен на автомобил симна албанско знаме од јарбол. Во врска со овој случај се појави видео кое кружеше на социјалните мрежи.

„Одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.

МВР вчера објави дека од извршените проверки, извршен увид во службената документација и согласно одредбите од Законот за употреба на знамињата на заедниците, не е утврдено незаконито и непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во наведениот настан.

„Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права. Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во Владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците“, додаваат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за…

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами,…

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 1000 ЕВРА ВО ЦРНА…

Од јануари следната година сите плати во…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

ТАВ го укина ограничувањето за бесплатен влез…

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која…