Во Велика Британија зголемена стапката на смртност на средовечните луѓе по завршувањето на пандемијата

t

Во Велика Британија по завршувањето на пандемијата, стапката на смртност на средовечните луѓе на возраст меѓу 50 и 64 години е зголемена, во споредба со стапката на смртност пред Ковид-19.

Новата анализа покажа дека имало 28.000 повеќе смртни случаи во Велика Британија во првите шест месеци од 2023 година во споредба со нивото од претходните пет години, пишува „Тајмс“.

Експертите веруваат дека тешкотиите за пристап до општи лекари од карантинот, како и долгите листи на чекање на на Државниот завод за здравство значат дека средовечните пациенти ги пропуштаат превентивните третмани кои можат да спасат живот.

Како што се наведува, нездравиот начин на живот, дебелината и се поголемата здравствена нееднаквост, исто така, придонесуваат за бројот на смртни случаи кои може да се избегнат.

„Овие смртни случаи претставуваат пандемија на лошото севкупно здравје. Смртните случаи има кај луѓе кои имале болести кои се лекуваат, како што се срцеви заболувања, дијабетес и цироза кои се јавуваат како резултат на нездрав начин на живот“, рече професорката Ивон Дојл, која го водеше Јавното здравство во Англија за време на пандемијата со Ковид.

Истрагата од 100 милиони фунти за зголемениот број смртни случаи што може да се спречат, се спроведува за да се „научат лекции за иднината“ и ќе трае до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Салиу: Сакајќи да му помогнат на министерот…

Да, можам да потврдам дека ова е…

Јакимовски: Високата корупција е приказна создадена од…

Помилување не може да добие терорист, порача…

На изборите во Македонија 88 странски набљудувачи,…

Вкупно 88 набљудувачи од странство ќе ги…

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените…

Во делот на реформите во правдата и…

Шок и неверување меѓу колегите: Пејачот од…

Мујо Хоџиќ, поранешен учесник на музичкото натпреварување…