Во Грција регистрирани рекордни 40.560 нови случаи на Ковид-19

t

Веќе четврти ден по ред, Грција бележи рекордно високи бројки на дневни случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а денеска беа регистрирани 40.560 новозаразени, што е нов, негативен рекорд, јави дописничката на МИА од Атина.

Новозаразените се од 544.466 направени тестови, а повторно, најголемиот дел од случаите, 17.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Починаа 76 лица, а 627 пациенти (девет помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 541, односно 86,28 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од вторникот, кога првпат беше регистриран петцифрен број новозаразени, трендот на раст на новите случаи продолжи и следните денови, за денеска да стигне до над 40.000.

За четири дена во земјата беа регистрирани вкупно 126.810 случаи од кои: 21. 657 случаи (од 556.060 тестови) во вторникот, 28.828 случаи (од 398.632 тестови) во средата, 35.582 случаи вчера (од 424.682 тестови) и 40.560 денеска (од 544.466 тестирања).

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.210.853 случаи на Ковид-19, а почина 20.790 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград ѝ се заблагодари на Грција за…

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…

Грција е „чувар на европската траекторија на…

Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…

Земјотрес од 4,8 степени на третиот крак…

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според…

Вереницата на синот на Трамп ќе биде…

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли…

Грција е втора земја по директни странски…

Грција е втора земја по странски директни…